40. јубилејно издание на Саем за МЕБЕЛ 2014

40. јубилејно издание на Саем за МЕБЕЛ 2014
За најсреќниот посетител - Фолксваген Ап
Саемот за мебел е продажна изложба на која се празнува естетиката, квалитетот и функционалноста на ентериерот. Од година во година оваа саемска манифестација покажува постојан квалитативен и квантитативен раст, а јубилејниот Мебел 2014 кој ќе се одржи од 25. до 30. март го докажува тоа, и ќе се простира на целиот капацитет на Скопски саем.
Меѓународниот саем за МЕБЕЛ е манифестација на која можат да се видат решенија за современо уредување на домот, дворот или работните канцеларии. Очекуваната публика (над 50.000 посетители) ќе имаат можност да ги посетат македноските производители на мебел, кои покрај квалитетот, сè повеќе внесуваат идеи и свежина во дизајнот и иновацијата. Покрај домашните, изложувачи ќе бидат и компании од Турција, Србија, Шведска, Хрватска, Италија и Словенија, односно повеќе од 430 брендови од индустријата ќе бидат дел од овогодинешниот саем на МЕБЕЛ 2014.
40. саем за мебел бележи значаен јубилеј и по тој повод повеќе дополнителни активности во насока на дополнителна вредност за поетителите и изложувачите на саемот.
Ексклузивен партнер на саемот е ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА, кој заедно со Скопски саем ја доделуваат главната награда - автомобил Фолксваген АП, за најсреќниот посетител. Извлекувањето ќе се одржи на на последниот саемски ден 30.03.2014, во 17:00 часот во Метрополис Арена.
Во соработка со Амбасадата на Кралството Шведска во РМ, организирано е учество на шведска компанија, односно изложба под наслов “СЈАЈНОСТ” на познатата шведска дизајнерка Александра Стратимировиќ, која е во насока на круцијалното значење на светлината во уредувањето на домот.
26.03.2014 е ден кога во Дипломатик Салата на Скопски саем, во заедничка оргaнизација со Скопската недела на дизајн или Skopje Design Week, ќе се одржи работилница за стратешко инвестирање во дизајн од страна на македонските производители на мебел - формула за успех за извоз на македонски мебел.
Доделувањето на нагрaдите за најдобрите производители и трговци како и секоја година ќе има свој епилог на 26.03.2014, во 20.00 во Фоајето на Управната Зграда, со пригоден коктел кога ќе се доделат награди во 2 категории: трговци и производители, со по 10 посебни категории.
За целото времетраење на МЕБЕЛ 2014 во фоајето на Управната зграда на Скопски саем ќе биде поставена изложбата на скулптури на реномораниот македонски уметник – скулптор, Васе Урдин.
Цената на влезниците за посетители е 100 денари.