ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   





Свечено отворен САЕМ НА МЕБЕЛ 2014

Денес, 25 март 2014 во 11 часот свечено се отвори четириесеттото, јубилејно издание на  Меѓународниот саем за МЕБЕЛ, манифестација која претставува вистинско место за промоција на најновите трендови во производството на мебел. Оваа специјализирана изложбено-комерцијална саемска манифестација, со текот на годините стана вистинска берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите, трговците и купувачите од нашата земја, балканскиот регион и пошироко.

На овогодинешниот саем за мебел, публиката ќе има можност да ужива во најновите решенија за современо уредување на домот, дворот или работните канцеларии на македонските производители на мебел, кои покрај квалитетот, сè повеќе внесуваат идеи и свежина во дизајнот и иновацијата. Покрај домашните изложувачи, на саемот ќе бидат присутни и компании од Турција, Србија, Шведска, Хрватска, Италија и Словенија, односно, ќе бидат претставени повеќе од 430 брендови од индустријата за мебел. 

Ни претставува особено задоволство тоа што оваа година Ексклузивен партнер на саемот е ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА, кој заедно со Скопски саем ја доделуваат главната награда - автомобил Фолксваген АП, за најсреќниот посетител.

Исто така, во рамки на саемот МЕБЕЛ 2014, остварена е блиска соработка со Амбасадата на Кралството Шведска во РМ, со организирано учество на шведска компанија, односно изложба која е во насока на потенцирање на значењето на светлината во уредувањето на домот. 

Саемот за отворен го прогласи заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, господин Фатмир Бесими.

 

Новости