Новогодишна забава во Метрополис Арена

За уникатен пречек на Новата година „Октопуси Ентертеинмент“ на 31 декември во „Метрополис Арена“ организраат новогодишна забава со познати музички имиња од македонската сцена „Суперхикс“, „Пеперминт“, Самоил Радински, Гоце САФ и ЛД Пистолеро.
Гаранција за новогодишната фешта на овој настан е бендот кој и официјално го освои признанието за најдобриот одржан концерт во 2012 „Суперхикс“. Покрај нив, со нас ќе биде и бунтовната и алтернативна музичка дружина на „Пеперминт“. За добрата забава ќе бидат задолжени и македонскиот рапер, радиоводител и диџеј Владимир Пешков познат како ЛД Пистолеро заедно со диџеј Гоце САФ. На самиот почеток на Новата година забавата во „Метрополис Арена“ ќе го очекува својот максимум со настапот на Самоил Радински, диџејот и продуцент кој активно ја промовира електронската музика уште од самите почетоци на оваа музика како движење.
Влезниците за најдобрата новогодишна прослава со најдоброто од Македонија се веќе достапни во продажба преку продажната мрежа на Купи карти За Се, по цена од 300 денари, а истите на 31 декември на влезот на „Метрополис Арена“ ќе се продаваат по цена од 400 денари. За овој настан достапни се и ВИП влезници од 500 денари, како и ВИП пакетите од 4.000 денари.