САЕМ НА ГРАДЕЖНИШТВО 2015
Ве информираме дека оваа година Меѓународниот САЕМ НА ГРАДЕЖНИШТВО 2015, ќе се одржи по 12-ти пат, во периодот од 03. - 07.03.2015 година.
Меѓународниот сaeм на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, претставува значајна специјализирана манифестација која подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите од Македонија и од странство.
Во рамките на Саемот на градежништво 2015, во Метрополис Арената и оваа година ќе се одржи Саемот за недвижности и инвестиции - RealExpo На минатогодишниот Саем за недвижности со свои проекти, услуги, идеи и интереси се претставија 25 компании од Република Македонија и регионот.
Учеството на повеќе од 300 претставени компании, производители на градежни материјали, градежна механизација, градежна сталарија, како и на инвеститорите во рамките на RealExpo, и очекуваниот број од 20.000 посетители, ќе Ви овозможи ислучителна можност да ги промовирате Вашите производи и услуги пред пошироката деловна публика.
