ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   




ТЕХНОМА 2015 - Првични информации

41. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита

16. Меѓународен саем на занаетчиство и  мало стопанство

МАКИНОВА - 36. Меѓународна изложба на иновации

Меѓународниот саем ТЕХНОМА  кој оваа година го слави својот 41 годишен јубилеј, сите овие години ги обединува претставниците на најголемите домашни, но и странски производители во областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, неметалите, градежништвото, обезбедување и заштита. Оваа година саемот ќе се одвива во својот вообичаен термин  од 13.–17. октомври 2015 година.

Меѓународниот саем – ТЕХНОМА е важен промотор на развојот на индустриското стопанство во регионот, кој веќе четири децении го следи технолошкиот напредок на најновите достигнувања во областа на технологијата и интензивирање на меѓународната размена.

Дополнителна атрактивност и обогатување на овој саем се Саемот за занаетчиство и мало стопанство и изложбата на пронајдоци - Макинова.

На саемот Технома се претставуваат националните економии на многу земји, покраини и региони, организирајќи пратечки стручни програми и Б2Б средби. Досега на саемот ТЕХНОМА се претставија малите претпријатија од Грција, Хрватска, Бугарија, Словенија, Унгарија, Италија, Австрија и Србија.

 

 

 

Новости