ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   




Отворени вратите на Агрофуд 2015: Органска зимница за секого во октомври!

Отворени вратите на Агрофуд 2015: Органска зимница за секого во октомври!

Скопје (10.09.2015) Меѓународниот саем за широка потрошувачка, Агрофуд 2015 оваа година ќе се претстави со голема есенска саемска манифестација која овој пат ќе се одржи од 1-ви до 4-ти октомври, на Скопски саем.

Новитет оваа година е тоа што сите учесници на Агрофуд 2015, кој воедно ќе има нов продажен аспект, ќе ги претстават своите  диверзифицирани палети на разни производи и услуги од органското производство во Македонија, со додаден акцент и на претставниците на конзервната индустрија. Сите заинтересирани посетители ќе имаат шанса да купат зимница изготвена од природни состојки според најстроги законски стандарди и да ги дополнат своите залихи за претстојниот зимски период со специјални македонски вкусови.

Агрофуд 2015 ќе биде саем кој на едно место ќе ги собере сите учесници и спонзори на здравата и природна македонска храна, а воедно ќе претставува и настан кој во ново руво, преку поблизок и помодерен пристап, ќе ја најави есента со најдоброто од Македонија како за произведувачите, така и за потрошувачите.

На изложбено-продажните штандови освен прехранбените производи како храна, пијалоци и стоки за широка потрошувачка, ќе можат да се разгледаат и набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање и внатрешен транспорт.

Влезот на овој саем ќе биде бесплатен.

Со почит,

СКОПСКИ САЕМ

 

Новости