АДКОМ06-10-2012
АДКОМ
4-5.10.2012

Третата меѓународна конференција на тема Предизвици во секторот води во процесот на приближување до ЕУ организирана од страна на АДКОМ, ЈП Водовод и канализација Скопје, а под покровителство на Министерство за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија се одржа во Бизнис центар на Скопски саем во период 4-5 октомври 2012.

ВОВЕД
Во името на АДКОМ, здружение на даватели на комунални услуги на Република Македонија Ви пожелувам срдечно добредојде на третата меѓународна конференција на тема предизвици во секторот води во процесот на приближување до ЕУ организирана од страна на АДКОМ, ЈП Водовод и канализација Скопје, под покровителство на Министерство за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија.
Меѓународната конференција со приложените трудови даде одговор и насоки на работењето на јавните комунални претпријатија во Р.Македонија, кои се одговорни за водоснабдување на населението и одведувањето на фекалните отпадни води, каде се ноѓаат во нивниот развој и до кое ниво е нивното давање на услугите кон граѓаните и секако задоволството на граѓаните од нив.
Конструктивните дискусии во тек на конференциските денови обезбедиа извонредна можност за лицата кои работат на проблематиката во водоснабдување да ги осознаат најдобрите практики како и да добијат сеопфатен преглед на последната генерација на опрема, најнови технологии и методи за намалување на загубите на води и надгледување и управување со системите за водоснабдување и канализација.

Организатори
АДКОМ - Здружение на даватели на комунални услуги на Република Македонија (www.adkom.org.mk)
ЈП Водовод и канализација - Скопје (www.vodovod-skopje.com.mk)
Покровител
Министерство за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија www.moepp.gov.mk
Водечки спонзор
VEOLIA Water Solutions & Technologies - France
Главен спонзор
BENTLЕY SYSTEMS- The Netherlands
Печатењето на зборникот на трудови од конференцијата финансиски е подржано од:
ГИЗ- Германско друштво за интернационална соработка
Спонзор на конференциски ташни
EWT- Elin Wasserwerkstechnik GmbH- smart in solutions-AustriaEWT- DIEHL Metering
Спонзори на конференцијата
AQULIA - Шпанија
ПАКОМАК - Македонија
ЕВРОПА - Македонија
Ресторан КАЗАБЛАНКА
Медитерански ресторан ГУРМЕТ
