ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   





МЕБЕЛ 2013 - Зголемен број на домашни производители на мебел и дрвна индустрија - издание што не треба да се пропушти15-03-2013

 

Соопштение за јавност

МЕБЕЛ 2013 

Зголемен број на домашни производители на мебел и дрвна индустрија - издание што не треба да се пропушти

По одличната завршница на специјализираниот Саем на градежништво 2013 и Саемот на недвижнини RealExpo, на Скопски саем настапува следното поглавје наменето за стручната и широката јавност. Како што веќе беше најавено, од 26. до 31. март 2013 ќе се одржи меѓународниот саем МЕБЕЛ 2013 кој стана препознатлив бренд во оваа индустрија и се стекна со статусот како еден од најдобрите и најпосетени саеми во Македонија и пошироко во регионот.

Годинава, во периодот од 26. до 31. март, МЕБЕЛ 2013 ќе претставува вистинско место за промоција на најновите трендови во производството на мебел пред потрошувачите. Оваа специјализирана изложбено-комерцијална саемска манифестација со својата деловност и презентација на производи стана своевидна берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите и трговците од нашата земја, балканскиот регион и пошироко. Учество ќе земат над 160 директни изложувачи кои покрај од Македонија доаѓаат и од Италија, Грција, Бугарија, Германија, Србија,  Хрватска, Словенија, Косово, Австрија, Грција, Република Чешка и кои ќе треба да ја „нахранат“ потребата за функционалност, практичност, удобност, стил, современост, за креирање на ентериери и екстериери за спокојни домови и динамични работни простори. Преку организирано групно учество на турски компании, Република Турција и годинава ќе ја претстави својата индустрија и производство на мебел и репроматеријали. Посетителите може да очекуваат можности да се здобијат со инспирации за нови дизајни во домот, мебел за канцеларии, мебел за градини и настрешници, мебел за кујни и бањи, мебел од бамбус и ратан, оков и галантерија за мебел, декоративни тапети за внатрешни ѕидови од најпознати светски производители, мебел штоф и кожа за тапацирање на мебел, постелнина, теписи, декоративни материјали, осветлување, иновативни парчиња мебел, машини и алати за индустријата на мебел.

За пошироката публика МЕБЕЛ 2013 ќе биде издание кое не треба да се пропушти. Ќе обезбеди сцена на висок квалитет и одржливо произведени производи. Оние со страст за декорирање ќе имаат можност за увид во најновите трендови во дизајнирањето на внатрешен и надворешен простор, осмислување на начинот на кој живееме и комуницираме со просторот - оној во кој живееме, работиме, твориме.

Неизбежни ќе бидат и саемските попусти.

Минатата година оваа саемска манифестација ја посетија 50.000 посетители, а исто така и оваа година се очекува МЕБЕЛ 2013 да привлече уште поголем број на  посетители во текот на шесте саемски денови.

Традицијата на овој саем со стручно оценување на изложени експонати на саемот продолжува како и секоја година. Ќе се доделуваат награди во 2 категории: трговци и производители, со по 10 посебни категории. Чинот на свеченото доделување на наградените производители и трговци е закажан за 27.март 2013 година во 20,00 часот.

Посебна атракција за посетителите ќе претставува наградната игра НАШ ПОДАРОК ЗА ВАШИОТ ДОМ исклучително за набавка на мебел и опрема за домување кај фирмите изложувачи на МЕБЕЛ 2013. Наградите се состојат од 3 вредносни ваучери: првата награда изнесува 43.000 денари, втората награда - 30.700 денари и третата - 18.000 денари.

Збогатување на МЕБЕЛ 2013 ќе претставува и изложбата на антиквитетен мебел и уметнички слики во организација на Асоцијацијата за култура ИКОН, а ќе биде поставена во фоајето на Управната зграда на Скопски саем. Изложбата ќе претставува плод на универзалното братство на творештвото, магичен круг поставен за да ги поттикне убавите чувства за едни времиња.

 

НАЈДОБРИТЕ НА ЕДНО МЕСТО:

 

 

Новости