САЕМ НА КНИГАТА 2013 - ГОЛЕМА ПОНУДА НА КНИГИ ЗА СЕЧИЈ ВКУС20-03-2013

САЕМ НА КНИГАТА
9. – 15. АПРИЛ 2013
ГОЛЕМА ПОНУДА НА КНИГИ ЗА СЕЧИЈ ВКУС
Во периодот од 9.-15. април во Метрополис Aрена на изложбена површина од 3.000м2 ќе се одржи 25-тиот по ред Саем на книгата 2013 каде на едно место ќе се обезбеди најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.
Традиционално, како и минатите години и оваа година на Саемот на книгата, како една од најзначајните културни манифестации во земјата, на едно место ќе се претстават најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот (од Србија, Албанија, Италија, Шведска) што го прави овој саем еден од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се движи околку 40.000.
Програма на изложување:
- Стручна, научна и белетристична литература
- Школски книги и прирачници
- Книги за млади и деца
- Географски карти, глобуси, атласи, календари
- Опрема за графичка индустрија, хартија и репроматеријали
- Училишна галантерија и канцелариски материјали
- Современа опрема и прибор за училишта, факултети, просветни и истражувачки институти
Придружни манифестации:
- Промоции на новообјавени изданија
- Средби со автори
- Литературни читања
Вообичаено богатата понуда на издавачката продукција овозможуваат силна конкуренција за избор на најдобро издание меѓу двата саема, најпродавана книга на Саемот, како и наградата за најдобар книжар на годината во Македонија кои се доделуваат од страна на Здржението на издавачи и книжари на Република Македонија.
Читателите ќе може да ги следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи. Досега се најавени следните настани:
Во организација на издавачката куќа „Феникс“ ќе се додели наградата за книжевен опус Златен прстен на Душица Илин (Белград), Борислав Павловски (Загреб) и Тодор Чаловски (Скопје), наградата „Гоцевата мисла“ на Златко Крамариќ, амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија и наградата Ана Франк за најдобра книга за деца и млади на Виолета Димова (Македонија) и Дејан Алексиќ (Србија).
Издавачката куќа „Ѓурѓа“ за време на саемот ќе изврши промоција на наградениот роман на Конкурсот по повод јубилејот 25 години – „Мисија“ од Миле Костов.
„Култура“ ќе организира промоција на „Пишувајќи ги изгубените топки“ од Фросина Пармаковска, а промотор на книгата ќе биде Ермис Лафазановски, како и презентација на италијанските изданија на „АLMA Edizioni“ чиј промотор ќе биде Јулијана Синадиновска. Проф. др. Зозе Мургоски ќе го промовира новиот eнциклопедиски македонско-англиски речник, „Дијалог“ ќе ги промовира „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски, „Разговор со спиноза“ од Гоце Смилевски и „Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски. „Хајмарк“ ќе ја претстви новата книга на Јасна Петков Стојановиќ - „39 приказни на последната вистинска принцеза“, Или-Или ќе ги промовира „Тринаесеттиот месец“ - Александар Русјаков, „Бели заби“ - Зејди Смит, „Фото синтеза“ - Игор Ангелков, ПНВ Публикации ќе ги промовира „Ќерката на надреалистот“ од Кристиина Ехин (во превод на Јулијана Величковска), „Мртво море меѓу нас“ од Жељко Миловиќ (во препев на Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска) и „Балкански син“ од Ерол Туфан.
За САЕМОТ НА КНИГАТА 2013 издавачката куќа „Сакам книги“ подготвува многу наслови кои премиерно ќе може да се купат таму, а дел од нив се насловите: „Подарок за роденден“ , „Фатални желби,“ „Живот за живот“ .
За време на саемот своја промоција ќе има и „Constant in (Констант ин)" - збирка поетски текстови и музички компакт диск на Константин Карев“.
УЧЕСНИЦИ НА САЕМОТ НА КНИГАТА 2013:
