ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   





26-ти Меѓународен САЕМ НА КНИГАТА 2014

26-ти САЕМ НА КНИГАТА 2014, како значајна културна манифестација која ги обединува издавачите од Република Македонија и од регионот ќе се одржи од 8.-14. април 2014 година на Скопски саем. Истовремено, од 10-12 април 2014 ќе се одржат и 17-тиот Меѓународен саем - ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2014 и 4. Меѓународен саем на туризам-СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ.

Меѓународниот САЕМ НА КНИГАТА, како една од најзначајните културни манифестации во земјата обезбедува широка програма на изложување, вклучувајќи:

    - дела од домашни и странски автори;
    - современи и класични литературни дела, 
 
   - стручна, научна и белетристичка литература;
    - енциклопедии;
    - дела од областа на културата и уметноста;
    - книги за млади и деца;
    - учебници и училишни прирачници и галантерија;
    - канцелариски материјали, опрема за графичка индустрија, хартија и репроматеријали;
    - современа опрема и прибор за училишта, факултети, просветни и истражувачки институти.
 

На Саемот на книгата, традиционално,  на едно место се претставуваат најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот што го прави овој саем еден од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се движи околку 40.000. 

Во деновите на саемот, посетителите ги очекуваат бројни промоции, тематски средби и пригодни изложби, како и најновите изданија на домашните и странските издавачки куќи. 

 

Новости