ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   





МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2014

Ве информираме дека во периодот од 10-12.април 2014 година, ќе се одржи 4.Меѓународен саем за туризам СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАКЕТ 2014.

Оваа година имаме особена поддршка од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, која е и Покровител на саемот.

За времетраење на саемот, покрај изложбениот дел, планирана е и богата работна програма. Околу 15 земји од регионот и пошироко веќе го најавија своето учество преку нивните министерства, асоцијации, образовни институции, туристички организации и асоцијации, комори, транспортни компании, тур оператори, туристички агенции, ХО-РЕ-КА секторот, софтверска поддршка на туризмот, општини и други туристички субјекти.

Придружни манифестации на саемот се бројни промоции, презентации на различни туристички дестинации, национални претставувања, работни средби, Б2Б средби, промоции на книги за туризмот.

Оваа година саемот ќе се одржи во хала 3, во ист период со Меѓународните саеми за книга и образование кои ќе бидат во хала 1 и 2, со што ќе се привлечат повеќе посетители од сите возрасти да ги посетат саемите. 

 

Новости