17-ти Меѓународен саем – ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИEРА 2014

Со особено задоволство Ве информираме дека 17-тиот по ред Меѓународен саем - ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2014, ќе се одржи од 10-12 април 2014 година во организација на Скопски саем и коорганизација на Образовниот информативен центар. Во истиот период ќе се одржи 4. Меѓународен саем на туризам-СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2014, а од 8-14 април ќе се одржи 26-тиот САЕМ НА КНИГАТА 2014.
Основна цел на манифестацијата Денови на образование и кариера 2014 е да им се овозможи на младите и другите заинтересирани, за кусо време да добијат точна и брза информација за интересите што ги имаат: од студиските програми на високообразовните институции од земјата и странство, советување и ориентација, преку можностите за стручно усовршување и преквалификација, сé до информации за вработување и развој во кариерата.
Предноста е голема што на овој настан истовремено ќе бидат присутни национални и интернационални образовни установи како и агенции за вработување и бизнис компании кои нудат програми за преквалификација.